дома Балкан УАПСЕНИ ОСУМ ТЕРОРИСТИ ВО АНКАРА: Турција очекува терористички напад вечерва – уапсени...

УАПСЕНИ ОСУМ ТЕРОРИСТИ ВО АНКАРА: Турција очекува терористички напад вечерва – уапсени осумина терористи на ИСИС!

Турската полиција уапсила осум членови на ИСИС во Анкара, пренесуваат локалните медиуми

Турската полиција соопштила дека терористите планирале да изведат терористички напад за време на Новогодишните празници во земјата, известува државната агенција Анадолу. Во текот на акцијата, турската полиција запленила голема количина на документи на ИСИС на локациите каде што биле пронајдени терористите.

Државните органи предупредуваат на можност за терористички напади.

Вкупно 227 луѓе загинаа годинава во терористички напади во Анкара и Истанбул.