дома Актуелно УАПСЕНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ВО СТРУМИЦА: Активисти на една опозициска партија делеле поткуп...

УАПСЕНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ВО СТРУМИЦА: Активисти на една опозициска партија делеле поткуп во Струмица – добиле притвор!

Денеска околу 14:20 часот на Чурлински мост во Струмица поради основано сомневање дека извршиле кривично дело „Поткуп при избори и гласање“ член 162 од КЗ на РМ приведени се четири лица.

Според информациите, приведени се Трајче П.- роден 1972 година, Ѓорги В. -роден 1968 година, Никола К.- роден 12.06.1990 година и Слободан Д. – роден 1978 година.

Според нашите информации, станува збор за активисти на една опозициска партија.