дома Балкан Уапсен исцелител кој барал половина милион евра за спас од црна магија

Уапсен исцелител кој барал половина милион евра за спас од црна магија

Полицијата во Белград го уапси Драго Митровиќ , наречен ,,Белиот маг” , кој барал половина милион евра за спас од црна магија.

Додека траело апсењето ,пред неговата канцеларија во Белград чекале 20 луѓе за магот да ги спаси од магии. 50- годишниот исцелител е уапсен под сомнение дека со 30 годишен Никола К. сакале да изнудат половина милион евра од 57 годишен Белграќанец во манастир во Шид.

Се почнало кога Никола отишол кај Драго за да му ја симне црната магија. Тој рекол дека ќе го излечи ако му помогне да земе половина милион евра од Белграѓанецот .

Инаку Белиот маг и претходно, пред 11 години , бил осуден за изнуда , бидејќи на роднините им се заканувал со црна магија ако не му дадат пари.