дома Хроника УАПСЕН ПЕДОФИЛ: На скопскиот аеродром уапсено лице кое се бара за полов...

УАПСЕН ПЕДОФИЛ: На скопскиот аеродром уапсено лице кое се бара за полов напад на дете

На граничниот премин „Меѓународен аеродром – Скопје“ вчера во 16.30 часот од слобода бил лишен Џ.С. (69) од гостиварското село Чајле, соопшти денеска МВР.

При проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“, по барање на Полициската станица Гостивар, за сторено кривично дело „полов напад врз дете“.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка, соопштија денеска од МВР.