дома Религија Уапceн Иcуc во Русија: Војската и полицијата упаднале во заедницата која ја...

Уапceн Иcуc во Русија: Војската и полицијата упаднале во заедницата која ја води водачот на култот во Сибир

Руските власти го приведиле поранешниот припадник на сообраќајната полиција кој тврди дека е Исусова реинкарнација и во последните три децении го води култот во Сибир.

Хеликоптери и вооружени офцири упаднале во заедницата која ја води Сергеј Тороп, познат кај неговите следбеници како Висарион и го уапсиле него и двајца негови помошници, пренесува “Гардијан“.

Рускиот истражен комитет рекол дека ќе бидат обвинети за организирање илегални верски организации, тврдејќи дека култот изнудувал пари од следбениците и емоционално ги злоставувал.

Tороп (59), кој во 1989 г. ја изгубил работата како сообраќаен полицаец, тврди дека доживеал будење кога советскиот режим почнал да пропаѓа.

Тој 1991. oснова движење кое денес е познато како Црква на последниот завет.