УапceH возачот на автобус кој излета од патот кај Славонски Брод: Признал дека заспал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменикот на општинското државно обвинителство, Славко Прањиќ, спроведе истрага на местото на несреќата кај Славонски Брод и рече дека возачот на автобусот бил уапсен, пренесува Дневник.хр.

Според досега утврдените факти, станува збор за автобус кој излетал од автопатот.. Автобусот патувал од Франкфурт за Приштина. Возачот на автобусот бил пронајден на местото на настанот, во меѓувреме бил уапсен, се преземаат други доказни дејствија за поведување на кривична постапка – рече тој.

Тој додаде дека возачот е уапсен под „сомнение дека управувал моторно возило на начин на кој се движел неправилно, тој не ја користел сообраќајната лента туку излетал“.

Кои се причините за тоа, засега не можеме да кажеме. Тој изјави дека заспал за момент, но тоа ќе го утврдиме подоцна – додаде Прањиќ.

Во несреќата утрово загинаа 10 лица, а 45 беа повредени.

Во несреќата загинаа 10 лица, хоспитализирани 45. 15 се тешко повредени, а меѓу сериозно повредените има и една девојка.

Автобусот бил полн, во него имало 69 лица – 67 патници и 2 возачи, од кои едниот е убиен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This