дома Балкан УапceH уште еден copaботник на Beља HeBoља

УапceH уште еден copaботник на Beља HeBoља

Службата за борба против организираниот криминал денеска уапси уште еден близок соработник на групата на Веља Невоља, инаку поранешен водач на навивачите на ФК Рад. Тоа е Бојан Х, објави „Новости“.

Инаку, пред неколку дена во Обвинителстовото за организиран криминал неа сослушувани околу триесетина членови на групата на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ под сомнение дека извршиле најмалку пет убиства.

Им беа покажани дури и фотографии, пронајдени во заштитената апликација „Скај“, на која се гледаа убиства, распарчување на телото, отсекување на главата и екстремитетите … Некои од осомничените по ваквите ужасни сцени дури и повраќаа во судницата, кадешто ги испрашувааше обвинител.

Доказната постапка на секој од осомничените траеше речиси цел ден. На изнесувањето на одбраната присуствуваат и нивните бранители. Некои членови на оваа криминална екипа, сепак, не можеа воопшто да ги гледаат фотографиите поради монструозните глетки.

– Ужасни сведоштва за убиства и масакри врз луѓе се добиени, меѓу другото, преку меѓународна правна помош – посочи еден соговорник близок до истрагата.