Убиен познат рапер во САД – бил избоден со нож зад сцената…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Раперот „Drakeo The Ruler“ бил избоден со нож за време на одржувањето на музичкиот фестивал „Once Upon A Time In LA“. Тој беше пренесен во болница, каде подлегна на повредите, а организаторите го откажаа настанот.

Дрејкео беше избоден со нож во вратот зад бината нешто пред 21 часот по локално време и беше пренесен во локална болница во критична состојба, објави на Твитер новинарот на „People“, Томас Миер.

Раперот, чие вистинско име е Дарел Колдвел, бил нападнат во делот зад сцената на фестивалот од група мажи и бил сериозно повреден, изјавил извор за Лос Анџелес Тајмс кој имал „директно знаење за инцидентот“.

Полицискиот оддел на Лос Анџелес потврди на Твитер дека имало инцидент на фестивалот кој предвреме го завршил настанот. Тие рекоа дека патролата на автопатот во Калифорнија ќе им помогне во истрагата.

Фестивалот „Once Upon a Time in LA“ објави преку своите официјални профили на социјалните мрежи дека шоуто завршило предвреме и ги повика гостите да се упатат кон излезите. Истата фотографија била изложена и на бимовите на бината и фестивалот веднаш штом се осознала сериозноста на ситуацијата.

Концертот се одржа на стадионот „Bank of California“ во „Exposition Park“ во Лос Анџелес, каде што требаше да настапат хип-хоп изведувачи како Снуп Дог, Ајс Кјуб, The Game, 50 Cent и YG.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This