дома Хроника Убиcтвo во Тетово: Го yбилa невенчаниот сопруг и сама се пpиjaвила во...

Убиcтвo во Тетово: Го yбилa невенчаниот сопруг и сама се пpиjaвила во полиција

На 27.06.2021 во 11,35 часот во СВР Тетово А.С. (39) пријавила дека околу 11,00 часот во семејниот дом во Тетово извршила кривично дело убиство врз нејзиниот 51- годишен невенчан сопруг А.И..

Според пријавеното, информира МВР, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против А.С..