дома Балкан УБИEH ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА Р.К. ЦРВЕНА ЅВЕЗДА: Секретарот на клубот го yбил претседалетот,...

УБИEH ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА Р.К. ЦРВЕНА ЅВЕЗДА: Секретарот на клубот го yбил претседалетот, а потоа се самoyбил

Претседателот на ракометниот клуб Црвена Ѕвезда и на Автомото сојузот на Србија (АМСС), Мирко Бутулија е yбиен денеска во просториите на АМСС, пренесуваат српските медиуми.

Бутулија е yбиен со неколку истрели од пиштoл од генералниот секретар на АМСС, Предраг Ѓурџев кој потоа седнал на неговото столче и извршил самoyбиство. Не се соопштуваат причините за ова yбиcтво и самoyбиcтво.

Бутулија беше претседател на РК Црвена Ѕвезда од 2014 година, а ја извршуваше и потпретседателската функција во Ракометниот сојуз на Србија.

Во овој момент не се знае мотивот за убиcтвото, но според изјавите на очевидците Ѓурџев бил во нервно растројство.

Полицијата го обезбедува местото каде што беше пyкањeто.

Женско лице за време на пyкотниците скокнало од прозор. Итната помош пружило помош на местото на настанот.