дома КОВИД-19 (Коронавирус) Угocтитeлитe oд Македонија викендов ќe ce вakциниpaaт вo Ниш

Угocтитeлитe oд Македонија викендов ќe ce вakциниpaaт вo Ниш

Независната угостителска комора во соработка со стопанската комора на Србија за сите заинтересирани македонски угостители и угостителски работници, вклучувајќи ги и музичарите без разлика дали се членки или не се членки на некоја комора или здружение, обезбеди безусловна бесплатна вакцинација во Ниш, соседна Србија денеска и утре од 08:00 ДО 20:00 часот.

Вакцинацијата ќе биде во Спортскиот центар „Чаир“.

„По дводневна комуникација со Стопанската комора на Србија и укажувањето и инсистирањето на потребата за вакцинација на македонските угостители и угостителски работници во пресрет на туристичката сезона, синоќа, петок 26ти Март во 21:38 часот од Стопанската комора на Србија – Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан пристигна допис – е-пошта со која е одобрено безусловно и бесплатно вакцинирање на сите заинтересирани македонски угостители и нивните угостителски работници која информација НУК веднаш ја сподели со сите свои членки и Претседатели на здруженија како и на својата Facebook фан страна со информација за начин на аплицирање“ соопшти НУК.