дома КОВИД-19 (Коронавирус) Угocтитeлитe peaгиpaaт: Ce пpoтивaт нa зaтвopaњe нa oбjeктитe зa Нова Година

Угocтитeлитe peaгиpaaт: Ce пpoтивaт нa зaтвopaњe нa oбjeктитe зa Нова Година

Можно е да се воведат построги мерки за време на претстојните празници и за начинот на работа на угостителските објекти со една цел – да се спречи ширењето на заразата.

Членови на Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека можно е да имаме и целосен „локдаун“ за време на претстојните празници. Извори за порталот велат дека ќе се анализира состојбата, па според тоа ќе се одлучува дали ќе се промени работното време или ќе има денови во кои нема да се работи.

-В понеделник не очекува малку подолг состанок. Мораме целосно да ја анализираме состојбата. Секако ќе разговараме за нови мерки кои ќе бидат пред се наменети за начинот на работењето на угостителските објекти. Дали ќе се намалува работното време, дали ќе има одредени денови кога нема да работат, ќе видиме. Сепак, мора да бидеме подготвени за претстојните празници и да не дозволиме да имаме наеднаш нов бран на огромен број заразени, веднаш по прославите на Нова Година и на Божик, велат за Фактор извори од Комисијата за заразни болести.

Целосен локдаун или намалување на работното време на угостителските објекти за дочекот на Новата Година е бесмислена мерка. Граѓаните се доволно свесни за протоколите како да се однесуваат во објектите, а и самите угостители знаат дека оваа година нема да има прослави, велат од независната угостистелска комора.

Факт е дека најголемиот и најубавиот месец кога угостителоте имааат можност колку толку да вратат од своето достоинство и од своето работење и да докажат дека не се причинители за бројните заболувања во изминативе два месеци, е изгубен месец. Секоја мерка што ќе се носи во тековниот месец не само што е задоцената мерка, туку е и бесмислена, вели Здравко Јосифовски од Независна угостителска комора.