дома Актуелно УЖАСНИ СЛИКИ ОД ПУСТОШОТ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД: 26 министри неспособни да изгаснат...

УЖАСНИ СЛИКИ ОД ПУСТОШОТ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД: 26 министри неспособни да изгаснат пожар кој опустоши голема шума!

Додека министрите во новата Влада на СДСМ одат по скапи вечери по елитни ресторани, низ Македонија, на територија на општина Македонски Брод беснее пожар, кој веќе неколку дена Владата на СДСМ не успева да го изгасне. На испитот падна и ЦУК (Центарот за Управување со Кризи), раководена од Агрон Буџаку, кој е под палката на СДСМ и кој се покажа целосно неспособен.

Сликите кои стигнаа до нашата редакција се стравични, целосно пеплосана неколку децениска шума во село Требовље. Илјадници хектари на шума во шумски најбогатиот регион на Република Македонија – Поречието.

Големиот пожар кој ја зафати територијата во општина Македонски Брод позади езерото Козјак, во атарот на селото Требовље, вчера во попладневните часови се префрлил на територија на општина Гостивар, кај селата Корито и Железна Река. Пожарот во бродско беснее веќе 13 ден, а сега зазема и се поголеми размери.

Граѓаните се разочарани од неажурноста на ЦУК, каде директор е Агрон Буџаку, поставен од Зоран Заев и неговата неможност да се справи со мали пожари, кои поради неспособноста на СДСМ се шират секојдневно.

-Состојбата е критична. Селото е опкружено со опожарена борова шума и пожарот е стигнат на пет метри од првите куќи. Линијата на пожарот е голема, изјави пред неколку дена еден од жителите на селото пред новинар на нашата редакција.

Неколку помали пожари беснеат и во Источнна Македонија каде во кочанско, во атарот на селата Теранци и Видовиште гори помал пожар. Пожар има и во скопско на територија на Студеничани.

Неспособноста на СДСМ се гледа токму во пожарот во бродско, кој доколку навреме беше локализиран немаше да прерасне со веќе огромни размери.