Европскиот парламент денеска со 420 гласа „за“, 186 „против“ и 20 „воздржани“ се изјасни за укинување на визите за патување на државјаните на Косово во земјите членки на ЕУ.
– Честито нека е, граѓани на Косово! Наскоро ќе се движиме слободно во Европа. Благодарение на сите пратеници и парламентарни групи, на сите партии и држави членки, кои во Европскиот парламент го поддржаа нашето право за слобода на движење, напиша Харадинај на својот профил на Фејсбук.
До конечната визна либерализација преостануваат уште неколку процедури, кои, според познавачите на приликите во Брисел, можат да потраат уште шест до девет месеци.