дома Европа Украина воведе caнкции пpoтив високи руски вoeни функционери

Украина воведе caнкции пpoтив високи руски вoeни функционери

Советот за национална безбедност на Украина донесе одлука за воведување санкции на шефот на државната корпорација „Ростех“, Сергеј Чемезов, изјави претседателот на Украина, Владимир Зеленски.

„На предлог на Службата за безбедност на Украина, донесена е одлука за воведување санкции на Дмитриј Фирташ, Павел Фукс, Сергеј Чемезов, Михаил Шелков“, напиша претседателот на Украина во телеграмата.

Не е наведена причината поради која се воведени санкциите кон Чемезов.

Претходно, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, објави дека се воведуваат санкции против рускиот бизнисмен Фукс за неговата вмешаност во незаконско добивање лиценца за експлоатација на минерални суровини. Санкциите се воведени против Фирташ поради наводна достава на суровини, титаниум до руските воени компании.