дома Русија УКРАИНА ОДНОВО ЈА РАЗГОРУВА ВОЈНАТА ВО ДОНБАС: Украинските безбедносни сили завземале село...

УКРАИНА ОДНОВО ЈА РАЗГОРУВА ВОЈНАТА ВО ДОНБАС: Украинските безбедносни сили завземале село во Доњецк!

Вооружените сили на Украина превземале контрола над селото Новоалександровка, во Попасњанскиот округ, во Луганската област, која се наоѓа во неутралната зона на линијата на разграничување во Донбас, се наведува на сајтот на Министерството за одбрана на Украина

„Од 2015. година упориштата на периферијата на село беа во крајните позиции на украинските бранители од една страна и позициите на востаниците од друга страна. Меѓутоа, неодамна нашата војска ги подобри своите тактички позиции движејќи се долж линијата на разграничување за неколку километри и земајќи го Новоалександров под своја контрола“, наведува Министерството.

Во соопштението исто така се напоменува дека од почетокот на судирите во Донбас популацијата во селото е сериозно сменета. Во него претходно живееле 124 лица, а сега околу 20. Во селото нема струја и сообраќајни врски со други територии поради големите снежни падежи.

Во ноември украинските безбедносни сили објавија соопштение за превземање на контролата над Травњево и Гладосов, села во неутралната зона на Доњецката област.