дома Европа УКРАИНА: Руски граѓани не смеат да бидат набљудувачи на престојните избори!

УКРАИНА: Руски граѓани не смеат да бидат набљудувачи на престојните избори!

Украинскиот парламент им забрани на руските граѓани да бидат набљудувачи на претстојните претседателски избори во таа земја.

Највисокиот орган на Украина гласаше Русите да бидат исклучени од мисиите на меѓународните набљудувачи кои ќе ги следат изборите во Украина следниот месец.

Американскиот специјален пратеник Курт Вокер за Украина на својот Твитер напиша дека странските набљудувачи се „потребни”, иако некои од нив се руски државјани, за да докаже дека изборите се во согласност со демократските стандарди.

Односите меѓу Русија и Украина се напнати од 2014 година, откако Крим беше споен со Русија.