дома Политика УЛИЦАТА ПРЕД ВЛАДА ПРЕТВОРЕНА ВО ДЕПОНИЈА: Ова е „високата свест“ за екологија...

УЛИЦАТА ПРЕД ВЛАДА ПРЕТВОРЕНА ВО ДЕПОНИЈА: Ова е „високата свест“ за екологија на СДС – булеварот пред владата претворен во депонија!

Булеварот „Илинден“ кој поминува пред владата на Р.Македонија по завршувањето на митингот на СДС на кој беа довлечкани луѓе од цела Македонија, изгледа на дива депонија, откако присутните ја покажаа „високата свест“ за екологија

 

Отпушоци, лименки, шишиња и разна друга амбалажа од пијалоци е декорот на булеварот „Илинден“ по завршувањето на митингот на СДС пред Владата на Р.Македонија. Покрај задолжителната амбалажа од потрошени алхохолни пијалоци, улицата е буквално затрупана во ѓубре и најлонски ќесиња во кои се транспортираа и сендвичите кои денес од партијата им ги делеа на луѓето со цел да ги натераат да присуствуваат на митингот во Скопје.


Освен ова, денес цел ден граѓаните на Скопје беа заглавени во автобусите на ЈСП, а Скопје живееше во целосен сообраќаен хаос откако партијата на Заев ги блокираше главните сообраќајници во главниот град, за прославата на роденденот на Зоран Заев.