дома Македонија Улчар до Бучковски: Heмаш пoиm, cи ja пpoмaшил пoeнтата

Улчар до Бучковски: Heмаш пoиm, cи ja пpoмaшил пoeнтата

Професорката од Институтот за македонски јазик Елка Јачева Улчар реагира на настапот на екс премиерот Бучковски на Сител каде тој изјави дека е патетика занимавање со одбрана на македонскиот јазик и се залага за прифаќање на заедничка историја со Бугарија.

“Да си универзитетски професор во Македонија и да мислиш дека е ПАТЕТИЧНО да се зборува за македонскиот јазик; и дека проблемот со Бугарија ќе се реши само ако признаеме заедничка историја – значи само едно: дека немаш поим што се случува на релацијата Бугарија – Македонија повеќе од еден век и дека си ја промашил поентата на бугарските барања”, смета Јачева – Улчар за ставовите на Бучковски кој по долги години со пресуда за набавка на делови за бугарските тенкови не замина на одслужување на затворската казна која застари во текот на владеењето на Сдсм.