дома Политика УМС НА ВМРО-ДПМНЕ НА ТЕРЕН ВО МАКЕДОНСКИ БРОД: Младите на ВМРО-ДПМНЕ во...

УМС НА ВМРО-ДПМНЕ НА ТЕРЕН ВО МАКЕДОНСКИ БРОД: Младите на ВМРО-ДПМНЕ во заедничка акција за помош при гаснење на пожарот во Македонски Брод!

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ активно се вклучи и помага во гаснењето на пожарот кој две недели гори во близина на Македонски Брод. Младината на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Владимир Нелоски е на терен и му помага на населението во справување со пожарот. УМС многу пати досега покажа дека секогаш се подготвени за помош каде и да е потребна.

Нелоски во својата изјава дадена на 2-ри август ги повика сите млади, наместо претстојниот викенд да заминат некаде на одмор, да дојдат во Македонски Брод и заедно со УМС да им помогнат на сите граѓани кои се таму, кои според неговите зборови се оставени сами на себе во обидот да се справат со пожарите што ги има во моментов таму.

-Сите млади да се упатиме кон Македонски Брод овој викенд и заедно да им помогнеме на луѓето од таму, порача Нелоски.