дома Политика УМС НА ВМРО-ДПМНЕ СО ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ: Посета и помош за социјално загрозените...

УМС НА ВМРО-ДПМНЕ СО ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ: Посета и помош за социјално загрозените семејства во Радовиш и хуманитарен турнир во фудбал во Росоман

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш во хуманитарни акции. Заедно со Црвениот крст, младината на оваа партија донираше облека на социјалното загрозеното семејство Темчеви од селото Покрајчево.

Облеката беше обезбедена од членови на УМС од Радовиш и од Црвениот Крст од Радовиш.

Од младината на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш велат дека во континуитет реализираат активности кои имаат хуманитарен карактер. За Нова година беа посетени социјално загрозени семејства со повеќе деца на кои им беа доделени новогодишни пакетчиња.

Оттаму додаваат дека и во наредниот период ќе продолжат со посета и помош за социјално загрозените семејства.

Во хумана акција се вклучија и младите од ВМРО-ДПМНЕ од Росоман. Во текот на вчерашниот ден тие организираа хуманитарен турнир во фудбал за помош на Влатко Степанов кој боледува од цироза на црниот дроб, а потребите финансиски средства се за негово лекување во странство.

Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Росоман ги повикуваат сите хумани луѓе да помогнат за собирање на потребните средства.