дома Македонија УНГАРИЈА ГО ПАТОСИРАШЕ ХАН: Како причината за азил на Груевски, го цитираше...

УНГАРИЈА ГО ПАТОСИРАШЕ ХАН: Како причината за азил на Груевски, го цитираше извештајот на Хан во кој се вели дека во Македонија постои „ризик од политичко влијание на судството“

Портпаролот на Владата на Унгарија го патосираше другарчето на Заев, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пред целата европска јавност во нивната последна Твитер преписка. Имено реакцијата на Хан за азилот за Груевски следува по низата укажувања од страна на унгарската влада дека никој од Европската Унија не реагирал на азилот на екс-премиерот. Еврокомесарот во обид да собере политички поени за себе, но и да изврши политички притисок врз Унгарија да го повлече азилот за Груевски, јавно на Твитер побара одговор врз која основа Унгарија му даде азил на Никола Груевски.

По поставеното прашање, Хан доби експресен одговор од страна на портпаролот на унгарската Владата, Золтан Ковач кој му порача да си го прочита сопствениот извештај од март 2018 година за Македонија каде во делот за судството тој самиот навел „ризик од политичко влијание на судството“