дома Политика Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ донираше топла облека за бездомниците

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ донираше топла облека за бездомниците

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денес оствари хуманитарна посета на пунктот за бездомни лица во Момин Поток како и посета на бездомните лица кои се сместени во домот за деца 25 Мај.

-Кога пред две недели направиве посета на пунктот тука во Момин Поток од страна на штитениците како и службите на црвениот крст кои се грижат за пунктот ни кажаа дека имаат потреба од топла облека за штитениците по што Општинските комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје се организираа и ја собраа топлата облека која денес ја донираме,  изјави Даниела Рангелова претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ информираат дека и во наредниот период ќе продолжат со организација на хуманитарни активности со кои ќе помагаат на лица кои се во социјален ризик.