дома Занимливости Упадна на венчавката и му довикуваше на младоженецот: „Носам твое дете“ (ВИДЕО)

Упадна на венчавката и му довикуваше на младоженецот: „Носам твое дете“ (ВИДЕО)

Снимката на која се гледа како наводно бремената љубовница упаднала на свадбата и му довикувала на младоженецот дека носи негово бебе стана хит на ТикТок.

„Навистина, Ентони? Ќе се правиш дека не ме познаваш? Не ги зема лековите денес?“ се слуша гласот на жената на снимката која се обиде да ја запре венчавката. „И да знаеш имам твое дете тука. Ентони, знам дека ме слушаш“, продолжува жената.

И додека невестата и младоженецот одбиваа да се завртат и да се соочат со неа, една девојка за која се чини дека е ќерка на невестата фрли со цвеќето кон жената. „Подобро да заминеш од венчавката на мојата мајка, што не е во ред со тебе?“, довикна таа.

https://www.tiktok.com/@danielleondemand/video/6855274780011089158?referer_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fupadna-na-venchavkata-i-mu-dovikuvashe-na-mladozheneczot-nosam-tvoe-dete-video%2F&referer_video_id=6855274780011089158

Видеото кое настана во Детроит го погледнале повеќе од 10 милиони луѓе, а споделено е и на Редит.

Прочитајте и… Антонио Бандерас позитивен на коронавирус: Се чувствувам малку поизморено од вообичаено
Многумина се запрашаа што се случило потоа, а на ТикТок се појави и продолжението.

https://www.tiktok.com/@danielleondemand/video/6855415763096931590?referer_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fupadna-na-venchavkata-i-mu-dovikuvashe-na-mladozheneczot-nosam-tvoe-dete-video%2F&referer_video_id=6855274780011089158

Церемонијата е продолжена, а свештеникот морал да ги охрабри шокираните гости да ракоплескаат откако тој го венчаше парот.