Упорноста се исплати: Сруши гинисов рекорд – издржал девет ипол часа во позиција “планк”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 6-ти август, Даниел Скали го обори новиот светски рекорд во држење на „планк“ и со тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди.

28-годишното момче во таа позиција, седел цели девет часа, 30 минути и една секунда.

Својот прв „планк“ го направил во 2020 година кога издржал само две минути, а подоцна успеал да дојде и до 15 минути, а на почетокот на оваа година си дал предизвик – да го сруши светскиот рекорд кој траел 8 часа и 15 минути.

28-годишниот Скали живее во Австралија, а со тренинзите започнал на 28 јануари 2021 година. Тој, покрај својата работа, тренирал 7 часа дневно.

Станувал наутро во 5 часот, па имал 50 минутен групен фитнес тренинг, после истрчувал по 4 километри. Во текот на пауза за ручек одел во теретана, а потоа тренирал планк од 17:30 до 22:30.

Во рок од четири месеци се обидел да го сруши рекордот, но бил дисквалификуван поради неправилна техника, но не се откажал.

„Имав јасна цел, и бев посветен да ја остварам. После четири часа се запрашав како ќе издржам уште пет часа. Се сеќавам дека се гледав под себе и визуализирав девет часа на часовникот, и така одново“, вели тој.

Во текот на светскиот рекорд четири пати повратил, а енергијата ја одржувал со тоа што јадел банани и се хидритирал со електролити.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This