дома Социјални Мрежи УПРАВАТА НА „МЗТ АЕРОДРОМ“ ОБВИНЕТА ЗА ПРОФИТЕРСТВО: Играчите немаат добиено хонорар за...

УПРАВАТА НА „МЗТ АЕРОДРОМ“ ОБВИНЕТА ЗА ПРОФИТЕРСТВО: Играчите немаат добиено хонорар за цела година, управата си делела бонуси?

Аеродромци повторно со скандал. Овој пат на социјалните мрежи откриваат скандал во врска со злоупотреба на финансиски средства во кошаркарскиот клуб „МЗТ Аеродром“, тврдејќи дека управата нема исплатено хонорари за играчите, додека тие си делеле и бонуси

„Аеродромци , искрени поддржувачи на #МЗТ Скопје ! Додека МЗТ тоне во долгови и играчите од минатата сезона сериозно размислуваат да поднесат тужби за да си ги наплатат побарувањата, новото раководство на клубот редовно си ги зема своите месечни паушали. Ова се луѓето кои секој месец кркаат пари од клубот без тронка срам. Дојде живот за ПРОФИТЕРИТЕ во Аеродром, а кошмар за гордоста наша МЗТ СКОПЈЕ !“ – тврдат жителите на Аеродром на ФБ групата „Аеродром во моето Срце!“