дома Македонија УРАНИЈА СО КРИТИКИ ПО ЗАЕВ:Заев ги изневерува очекувањата на народот

УРАНИЈА СО КРИТИКИ ПО ЗАЕВ:Заев ги изневерува очекувањата на народот

Извршниот директор на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, Уранија Пировска, во интервју за порталот „Балкан инсајт“ го искритикува премиерот Зоран Заев за „изневерените очекувања на народот“, со акцент на случајот со експремиерот Никола Груевски, за кој смета дека не избегал, туку е пуштен да замине во Унгарија.

-На граѓаните им е преку глава да слушаат дека премиерот ги разбирал. Тие очекуваат премиерот да ја води Владата одговорно и да бара отчетност, транспарентност и одговорност од сопствените министри. Во случај како овој (со бегството на Груевски), кој е скан далозен и срамен, требаше да има оставки. Со овој случај Владата ја загуби својата последна шанса да им покаже на граѓаните дека таа вистински сака да направи промени во Македонија во однос на неказниТоста, изјави таа.