дома Македонија УСАИД КЕШИРА ВО МАКЕДОНИЈА: Неверојатни 5 милиони американски долари искеширани во Македонија...

УСАИД КЕШИРА ВО МАКЕДОНИЈА: Неверојатни 5 милиони американски долари искеширани во Македонија ,,за борба со руското влијание!

Бугарскиот портал Новини.бг пренесува дека САД со пет милиони долари ќе се бори против руската ,,пропаганда’’ во Македонија.Парите ќе бидат дадени преку канцеларии на владината агенција за меѓународен развој (USAID).

 

“Средствата ќе бидат насочени за медиумско описменување на населението на како што пренесува порталот поранешната југословенска република, како и за запознавање со етичките медиумски норми и начините за нивно спроведување, како и поддршка за независното новинарство. Потребата од ваков проект се наметнува од активностите на Русија, која води активна пропаганда, преку ширење лажни вести “пишува на веб-страницата на УСАИД. Во соопштението на официјалната агенција се наведува дека парите ќе се доделуваат во форма на грантови.

Новини.бг пишува и за скандалот кој избувна меѓу Грција и Русија во кој Атина протера четири московски дипломати и ги прогласи за непожелни личности. Причината за мерката беше наводниот обид на Русите да влијаат врз грчката страна и да го блокираат договорот меѓу Атина и Скопје.

Очигледно е дека единствена цел на овие средства ќе биде ширење на масовна медиумска пропаганда со цел промена на името на државата и успешен референдум на 30-ти септември.