дома Балкан УСВОЕНА ПЛАТФОРМАТА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО БЕЛГРАД: Еве кои се условите...

УСВОЕНА ПЛАТФОРМАТА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО БЕЛГРАД: Еве кои се условите на Косово!

Предлог платформата за продолжување на дијалогот со Белград која ја усвои Приштина, меѓу другото предвидува и едногласно прогласување на косовската независност, пишува „Зери“.

Се предвидува и укинување на Резолуцијата 1244 како и основање на cyд за злocтopcтвaтa во последниот судир на косовска територија кои наводно ги извршиле Срби.

Платформата исто така предвидува дека Приштина ќе се согласи на спогодби само доколку тиe се во согласност со косовскиот устав.

Платформата не спомнува ништо за барањата на САД и ЕУ за укинувањето на данокот кон Србија, што беше услов од Србија за продолжување на преговорите.

За Република Косово, конечен договор може да се постигне само откако Србија ќе ја признае независноста на Косово, ќе се одржи референдум за ратификација на спогодбата во Косово и двете земји ќе ја ратификуваат истата.

Секоја спогодба со Белград мора да го гарантира суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово.

Платформата исто така предвидува и унапредување на правата на албанците во Србија на ниво на правата кои Србите ги уживаат во Косово.

По прашањето за природните ресурси на Косово, посебно е нагласено дека нема да се преговара за отстапување на езерото Газивода и рудникот Трепча, бидејќи се наоѓаат на косовска територија и му припаѓаат исклучиво на Косово.

По прашањето за вoeнитe злocтoрcтвa, иcчeзнaтитe лица, жртвите на ceкcyалнo насилство, платформата предвидува формирање на специјален тpибyнaл за истрага и cyдeњe на истите.

На крај, се додава дека договор со Беллград ќе биде постигнат со посредство на ЕУ и поддршка од САД кои ќе гарантираат за исполнување на обврските кои ќе произлезат од идната спогодба, наведува „Зери“