дома Балкан Уставниот cyд на Словенија ја отфpли задолжителната вakцинација

Уставниот cyд на Словенија ја отфpли задолжителната вakцинација

Уставниот суд на Словенија ја прогласи за неуставна регулативата за задолжителна вакцинација на вработените во јавниот сектор доколку не можат да докажат дека закрепнале од Ковид-19.

Владата планираше да воведе задолжителна вакцинација на 1 октомври, но Уставниот суд го блокираше спроведувањето на одлуката до правосилната пресуда.

– Таквата состојба е споредлива со задолжителната вакцинација, која најпрво бара промена на законот за заразни болести – соопштија од судот, а пренесе државната агенција СТА.

Тамошните владини претставници се уште не се достапни за коментар.

Околу 55 отсто од населението во Словенија досега е целосно вакцинирано, што е под просекот на ЕУ, а Владата се обидува да го зголеми процентот на имунизирани.