дома Македонија Утврдени законски измени за реализација на мерката „Викенд без ДДВ“

Утврдени законски измени за реализација на мерката „Викенд без ДДВ“

Владата на вечерашната осма седница, на предлог на Министерството за финансии го утврди Предлог-законот за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица.

Како што се наведува во соопштението од владината седница, со измената и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонрeдна состојба се создава можност физичките лица кои се пријaвени и се корисници на апликативниот софтвер на Управата за јавни приходи преку која се пријавуваат фискалните сметки, со цел враќање на ДДВ-то за фискалните сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври да им се врати целиот износ на данокот на додадена вредност.

– Заради поттикнување на прометот на домашни производи и услуги како заради зголемена дигитализација на нашето општество враќањето на целиот износ на ДДВ-то ќе се однесува за прометот на домашни производи и услуги како и за компјутерска опрема кој не надминува 30 000 денари по лице за сите фискални сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври 2020 година, се додава во соопштението на владината прес-служба.