дома Локално УТРЕ: Бесплатно паркирање во Општина Центар

УТРЕ: Бесплатно паркирање во Општина Центар

Паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар утре ќе бидат бесплатни за сите граѓани.

Од Претпријатието наведуваат дека повод е одбележувањето на претстојниот празник „Успение на Пресвета Богородица“ (Голема Богородица).

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 29.08.2019 година (четврток) со вообичаено работно време.