дома Локално Утре бeз вода бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Утре бeз вода бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“

ЈП Водовод и канализација соопшти дека утре, 16 октомври, без вода од 9 часот ќе бидат дел од корисниците од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во делот каде што се куќите, на потегот од семафорите до ТЦ Олимпико.

Пpekинот во водоснабдувањето ќе биде поради реконструкција на водоводна мрежа ф 5/4 на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ крак 2 и ќе трае до завршување на зафатот.