Заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф-300мм на раскрсницата на ул. Босна и Херцеговина со ул. Кемал Сејфула, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Босна и херцеговина, ул. Костурска како и објектите на Поликлиника – Чаир и Медицина на трудот. ( Општина Бутел )
Поради отстранување дефект на ПП Хидрант на ул. Михаил Чаков бб, од 09:00 часот до отстранување на дефектот, без водоснабдување ќе останат корисниците од ул. Михаил Чаков и ул. Ѓорѓи Сугаре. (Општина Кисела Вода)
Поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф 300мм на ул. Народни Херои (кај ОУ Кирил Пејчиновиќ), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдување ќе останат корисниците од ул. Народни Херои и ул. Пушкинова. (Општина Кисела Вода)
Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф 200 мм на Бул. Партизански одреди, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдување ќе останат корисниците од околните објекти во близина на ТЦ Алумина, зградата на Базаро и кулата на Горење. (Општина Карпош)