УТРЕ ДОЖД:УХМР прогнозира промена на временските прилики

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде облачно со слаб локален дожд, а на некои планини со слаб снег. Попладне врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 1 до 8, а дневната од 8 до 16 степени.

dozd-prolet-650x396

Во Скопје слично време, променливо облачно, во утринските часови со услови за слаб дожд, но во текот на денот облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

До сабота времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нулата, така што во петок се очекува тие да се движат од три до пет, а во сабота од минус четири до три степени.

До петок ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Преодно зголемување на облачноста со слаб локален дожд ќе има во недела. Дневните температури ќе бидат во покачување особено за време на викендот и во почетокот на наредната недела кога наместа ќе достигнуваат и над 20 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This