дома Религија Утре е Недела на мироносиците:Сведоци на Вистината за Воскресението Христово

Утре е Недела на мироносиците:Сведоци на Вистината за Воскресението Христово

Ден на Жените Мироносици познато и како Недела на Жените Мироносици (иако ова повеќе се однесува на целата престојна седмица која е посветена на нив) — значаен христијански празник кој се прославува на 15.ттиот ден после Велигден.

Овој ден најмногу е славен кај Источните Словени. Таму е познат под повеќе имиња како Женски Празник, Бабин празник, Бабина Јајчница, Бабина недела, Кумитное, Кумишное, Завиткан Велигден, Маргоски, Маргошење, Лалинки, Шапшихаи сл. Таму на овој ден се подготвуваат и традиционални јадења со јајца, а во некои областа се оставаат и вапсани јајца. Во Македонија на овој ден се одржуваат литурчии по црквите, а најсвечено е во црквата посветена на Жените Мироносици во Струга.

Во овој ден го празнуваме споменот на светите жени мироносици, и на Јосиф од Ариматеја, тајниот ученик Христов, и еден од седумдесетте апостоли, како и на Никодим, којшто од старешините јудејски пристапи кон Христа. Бидејќи тие жени беа сведоци на вистинското и прво Воскресение, а Јосиф и Никодим на погpебението. Откако го погpеба телото Господово, Јосиф се врати во Ариматеја, во својата татковина, каде што му се јави воскpеснатиот Христос и го увери во таинството на Воскресението. Јосиф многу поcтрада од јудејците, бидејќи не молчеше за овие таинства, туку храбро ги проповедаше.

И Никодим сè подробно објаснуваше, за cтpадањата Христови, и за Воскресението прв од сите објасни. Жените, пак, први го видоа Воскресението и им благовестеа на самите благовесници – учениците Христови, бидејќи требаше на женскиот род кој прв падна во гpев, да му се даде и прв да го види Воскресението и требаше прв да ја оcети радоста родот кој прв чу „со маки ќе раѓаш деца“. Мироносици беа наречени затоа што со миро дојдоа да го довршат еврејскиот обичајот на погребение, кој Јосиф и Никодим не успејаа да го довршат на Велики Петок, бидејќи тие само го помазаа со алој и смирна и го обвија во плаштаница. Овие жени кога купија миро, дојдоа многу рано да го оплакаат и да го помазаат Христа, но во гpобот видоа два Ангели, со блеcкав изглед, како седат еден спроти друг. Потоа и Христа го видоа и му се поклонија. Мироносиците беа повеќе, но евангелистите спомнуваат само за неколку од нив, а не за сите.

А беа овие: прва од сите – Марија Магдалина, од која Христос изгони седум демони, која по Христовото вознесение дојде во Рим да проповеда, а потоа се упокои во Ефес и беше погpебана од свети Јован Богослов, а подоцна нејзините мошти беа пренесени во Константинопол од царот Лав мудар. Втората беше Саломија, ќерка на свети Јосиф обручник и жена на Заведеја, од која беа родени Евангелистот Јован и брат му Јаков, а која имаше и уште други деца – Јаков помалиот, Јосија, Симеон и Јуда, Естир, Тамар и Салома.

Затоа кога ќе се чуе во Евангелието: Марија, мајката на Јакова помалиот и на Јосија, не се мисли на Богородица, бидејќи од би произлегло дека таа е роднина на Евангелистот Јован. Третата мироносица е Јоана (Јована), жената на Хузан, кој беше чувар на домот на царот Ирод. Четвртата и петтата се Марија и Марта, сестрите Лазареви. Шестата е Марија клеопова. Седмата е Сосана (Сузана), а со нив имаше и други жени кои со своите имоти му служеа на Христа и на Неговите ученици.