дома Религија Утре е “Св.Архангел Михаил” за кој се верува дека е “жив светец”

Утре е “Св.Архангел Михаил” за кој се верува дека е “жив светец”

Македонската православна црква утре го слави “Св.Архангел Михаил” во народорт познат како Свети Аранѓел.

Според црковните преданија, ангелот Михаил е прв кој стапил во борба со злите духови и тоа име според црковно толкување означува „оној кој е како Господ“. На грчки јазик „архи“ значи главен, прв, а „ангелос“ значи гласник,ангел.

Постои верување дека овој ангел е жив, и понатаму по потреба се симнува меѓу луѓето на земјата како патник или просјак. Архангел Михаил според верувањата е „жив светец“.

Денешниот ден е слава на голем број македонски фамилии.