дома Временска Прогноза Утре не очекуваат вистински пролетни температури

Утре не очекуваат вистински пролетни температури

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Ќе дува умерен до зacилен северен ветер најизразен долж Повардарието, информира УХМР.

Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а дневната од 17 до 24 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне 22 степени.

До понеделник следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури кои во сабота и недела понекаде ќе бидат на неколку степени над нулата. Дневните температури ќе бидат во пораст.