дома Македонија УТРЕ ПРЕСУДА ЗА ,,ПОТКУП“:Обвинителката бара премиерот Заев да биде прогласен за виновен

УТРЕ ПРЕСУДА ЗА ,,ПОТКУП“:Обвинителката бара премиерот Заев да биде прогласен за виновен

Кривичниот суд утре ќе ја објави пресудата за предметот „Поткуп“, каде како обвинет се појавува премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Процесот околу овој случај трае веќе подолго време, а на минатото рочиште обвинителката Валентина Бислимовска побара на измена на правната квалификација на обвинителниот акт и наместо примање поткуп, обвинетиот Заев да биде осуден за барање поткуп.

Според законот кривичното дело за кое обвинителката побара Судот да му изрече пресуда на Заев предвидува казна затвор од една до пет години.

Иако Бислимовска побара осудителна пресуда, Заев очекува таа да биде ослободителна, бидејќи како што тој вели се работело монтиран случај со цел да бил спречен да ги објави прислушуваните разговори.

Бислимовска пред судот кажа дека според доказите не произлегува дека обвинетиот премиер прибавил било каква имотна корист. Сведокот Иван Николов кажа дека на дал пари и дека Заев не примил поткуп. Ова сведочење најверојатно е причината за менување на кривичното дело на Заев, бидејќи на снимката јасно се гледа дека тој бара поткуп.

Адвокатот Филип Медарски пред Судот посочи дека од доказите на Обвинителството и од изјавите на сведокот Иван Николов не произлегува дека Заев побарал пари и поради тоа побара обвинетиот да биде ослободен од обвинението.

Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.

Во среда пак пресуда ќе има и во случајот „Тенк“ каде обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски.

Поранешниот премиер на Република Македонија, кажа дека овој случај е класичен политички прогон и го повика судот да ги надмине притисоците и да донесе добра пресуда. Тој кажа дека нема никакви материјални докази за делото за кое што се обвинува, дека обвинет за сакање.