дома Македонија Утре седница на врвот на СДСМ, нема потврда дека оставката на Заев...

Утре седница на врвот на СДСМ, нема потврда дека оставката на Заев е на дневен ред

Утре ќе заседава највисокиот партиски орган на СДСМ меѓу два Конгреса, односно Централниот одбор, потврдуваат од СДСМ за „Фокус“.

Во 18 часот е закажана седница на Извршниот одбор, а во 20 часот ќе се одржи Централниот одбор.

Од партијата не откриваат дали ќе се разгледува оставката на лидерот Зоран Заев. На прашањето кој ќе биде дневниот ред на Централиот одбор, кусо одговорија дека тоа ќе биде актуелната политичка ситуација.

Инаку, според Статутот на СДСМ, Централниот одбор е тој што распишува вонредни избори за претседател, во случај актуелниот претседател да си поднесе оставка.