Утре се отвора модуларната болница во Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шестнаесет пациенти од Куманово, со компликации од вирусот Ковид -19 болнички се лекуваат на инфективното одделение во општата болница, информираа денеска надлежните.

Речиси сите се на кислородна поддршка, бидејќи, како што појаснија лекарите, хоспитализирани се пациенти со средно тешка клиничка слика, оние со полесна клиничка слика се лекуваат во дневната болница, а оние со лесни симптоми се на домашно лекување под надзор на лекари со таблетарна терапија.

– Со оглед на тоа што инфективниот оддел нема многу соби, а доаѓаат пациенти со друга симптоматологија, од утре ќе ја отвориме и модуларната болница. Ако во претходните бранови имавме проблем со простор, сега таков проблем немаме. Благодарение на модуларната болница која ја добивме од Министерството за здравство, има доволно болнички легла, сè што е потребно од опрема. Проблем со овој бран е период на годишни одмори, претходно персоналот не користеше одмори, но сега се користат. Изминативе дена правевме прераспределба од други оддели, гледаме да е персонал кој има искуство од претходните бранови, ни останува да се надеваме дека нема да биде таков нагол скок на заболени, изјави директорката на болницата, д-р Снежана Захариева.

Таа појасни дека сите одделенија во болницата ќе функционираат непречено, вклучително оперативниот и амбулантскиот дел на различните оддели во болницата.

И матичните лекари потврдуваат дека расте бројот на инфицирани. Д-р Фатмир Асани, претседател на Здружението на матични лекари од Куманово изјави дека вирусот побрзо се шири и дека само во неговата амбуланта има триесетина пациенти кои се со коронавирус.

– Многу е важно да се вакцинираме, но и да внимаваме, да одржуваме растојание, вели Асани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This