дома Македонија Утре состанок на градоначалници со Претседателот Пендаровски

Утре состанок на градоначалници со Претседателот Пендаровски

Нешто повеќе од два месеци пред почетокот на пописот на населението и домаќинствата во земјава, Државниот завод за статистика ги почнува подготовките за големата статистичка операција, околу која подолго време се кршат и политички копја во земјава.

За таа цел, за утре е закажана средба на претставници на ДЗС со градоначалниците на општините во државата. Состанокот ќе се одржи во големата сала во Собранието на Македонија.

На градоначалниците ќе им се обрати и претседателот Стево Пендаровски. Од претседателскиот кабинет велат дека состанокот е посветен на значењето и улогата на локалната самоуправа во процесот на подготовка и спроведување на пописот.

На средбата е најавено дека ќе присуствуваат и премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министрите за правда и за локална самоуправа, Бојан Маричиќ и Горан Милевски и директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Сепак по донесувањето на Законот за спроведување на пописот се во полн ек подготовките за статистичката операција, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од намерата за поништување на Законот.