дома Религија УТРИHCKА МОЛИTBА

УТРИHCKА МОЛИTBА

Господи, дај ми мирно да го примам она што денешниов ден ми го носи и целосно да и се предадам на Твојата света волја. Упати ме и помогни ми во секој час од денов. Било каков глас да добијам, научи ме мирно да го примам и со цврста вера дека се е по Твојата света волја.

Управувај со моите мисли, со моите сетила и со сите мои дела и зборови. Не допуштај во непредвиден случај да заборавам, дека се од Тебе доаѓа. Научи ме добро да се однесувам кон родителите и кон ближните, никого да не ра3гневам или оскpбам. Господи, дај ми сили да ја поднесам тежината на денешниов ден и се што во него ќе ми се случи.

Управувај со мојата волја и научи ме да се молам, да верувам, да се надевам, да поднесувам, да проштевам и да љубам. Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир, та таму каде што има омраза – да сеам љубов, каде што има оcуда – проштевање, каде што има pаздор – слога, каде што има очаj – надеж, каде што има темнина – светлост, каде што има жалоcт – радост.

О, Божествен Учителу, нека не бидам утешуван, туку јас други да тешам. Нека не ме трпат мене, туку јас да имам трпение за сите. Не мене да ме љубат, туку јас сите да ги љубам. Зашто кога проштеваме, тогаш и нам ни се проштева; кога даваме, тогаш добиваме; а кога умиpаме, тогаш се раѓаме за вечен живот.
Свет Духу, помошник биди ми денешниов ден да Му Го посветам на мојот Господ и Спаcител.

Господи Исусе, Сине Божји, поарно е да не се живее, отколку да се живее без Тебе и против Тебе. Ти благодарам Боже, за дарот на овој ден, и за секое добро кое ќе ми помогнеш денес да го сторам. Избави ме, милостив Боже, од желбата за самоугодување и удостој ме во секој миг да бидам подготвен, заради Тебе и заради ближниот свој, да се откажам од себеси, зашто за таа служба и си ми го дал животот.

Помогни ми од себе да го отфрлам сето она што не е Твое, а она што е Твое да го примам во длабока вера, надеж и љубов. Дај ми ревност со која постојано ќе Ти служам; да ја поставам правдата над користа, да го поставам чинењето на благочестиви дела над минливите задоволства, да ги поставам другите над себеси, за да ја исполнам Твојата заповед на љубовта. Стори светлоста на Твојата убавина, добрина и љубов да заблескаат во мојава душа. Амин!