дома Хроника Утрово тeшka cooбpaќajкa нa aвтoпатот Тетово-Гостивар, пoвpeдeн вoзaч..

Утрово тeшka cooбpaќajкa нa aвтoпатот Тетово-Гостивар, пoвpeдeн вoзaч..

На автопатот Тетово-Гостивар денеска во 6:30 часот во близина на Неготинска клучка, патничко моторно возило „даеву матиз“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(53) од кичевско Шутово, излетало од коловоз.

-Во незгодата, Џ.А. здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На местото на незгодата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.