Утpe иcтeкyвa poкoт зa oдлoжeнaтa oтплaтa нa кpeдититe пopaди кopoнaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре истекува рокот за одложено плаќање на ратите на кредитите на физичките лица кои ги дадоа банките на одредени категории граѓаните погодени од ковид-кризата. Ново одложување дали ќе има од банките засега немаат наведено на своите веб страници. Она што деновиве е испратено до клиентите од одредени банки е дека се воведува нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености на клиентите. Новиот начин на утврдување на нефункционалната изложеност е согласно регулативата од Европската централна банка и важи од 31.12.2020 година.

-Промените во новата регулативa се одразуваат на третманот на клиентите кои користат повеќе различни кредитни продукти. Пред овие измени, уредноста на отплатата кај еден клиент се следеше одделно, по користен продукт. Со измената, ќе се следи вкупниот износ, односно збир на кредитна изложеност од сите користени кредитни продукти на клиентот во Банката, појаснуваат во известувањето.

Согласно новата регулатива, за нефункционална кредитна изложеност ќе се смета доспеан долг повеќе од 90 дена, а вкупниот износ на доспеани обврски треба да е поголем од 100 евра во денарска противвредност и да надминува еден отсто од целокупната искористена кредитна изложеност.

Тоа ќе значи дека доколку граѓанинот има нефункционална кредитна изложеност на еден кредитен продукт, ќе значи дека има нефункционална кредитна изложеност на сите кредитни продукти во банката.

Одложена отплата на кредитите имаше во два наврати од 1 април минатата година до 30 септември 2020 година и вториот од 1 октомври 2020 година заклучно со 31 март 2021 година.

Поради кризата настаната од Ковид 19 беше овозможена одложено плаќање на ратите на кредитите од 1 април 2020 година до 30 септември 2020 година. Понудата важеше за сите физички лица за одложување на отплатата на ратите за кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања, а кои на 29 февруари 2020 година беа класифицирани во категорија на ризик буква А, Б или В и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.

Понудата ја одбија една третина од граѓани, но дел од оние што првично ја прифатија, потоа се вратија повторно во редовна отплата на кредитите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This