Утpe пристигнуваат пoлa милиoн вakцини вo Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Н.Е.Џанг Ѕуо, утре недела (27.06.2021) нешто после 10 часот на меѓународниот аеродром во Скопје ќе ја пречекаат пратката од 500.000 вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“.

Тоа е најголемата пратка на вакцини, а како што најави министерот Филипче, истите ќе бидат пуштени во употреба на почетокот од идната недела.

Вчера во земјата пристигнаа над 100 илјади вакцини од „Фајзер“ преку Ковакс механизмот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This