Утpe Сирија влeгyвa вo 11-та гoдинa oд koнфликтoт: Oбjaвeнa бpojкaтa нa дoceгa y6иeни..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 10-годишната војна во Сирија се убиени 388.652 лица, соопшти денеска невладина организација за набудување, цитирана од АФП и ДПА

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија со мрежа на информатори во Сирија, смета на повеќе од 117 000 убиени цивили, вклучувајќи над 22 илјади деца. 

Таа најголем дел од цивилните жртви им ги препишува на нападите на владините сили и нивните сојузнички милиции. Во најсмртоносната 2014 година, повеќе од 67 000 луѓе биле убиени во Сирија.

Сириската опсерваторија за човекови права го објасни намалувањето на насилството во земјата со договорот за примирје во северозападната провинција Идлиб и регионот, пандемијата на коронавируси и „меѓународната волја“ да престанат крвопролевањата.

Организацијата ја документирала смртта на најмалку 16 000 луѓе во владините затвори и центри за задржување. За околу 200.000 луѓе не се води сметка.

Повеќе од половина од населението на земјата избега пред војната. Конфликтот во Сирија започна со протести во март 2011 година, на што властите одговорија со репресија. Наскоро тоа прерасна во вистинска војна, со ангажирање странски борци у директно или индиректно со инволвираност на регионалните и глобалните сили.

Владините сили контролираат 62 проценти од Сирија, враќајќи многу изгубени области по одлучувачката интервенција на нејзиниот сојузник Русија во 2015 година. Останатите локални единици од земјата се во рацете на курдските милиции, бунтовниците поддржани од Турција и на џихадистите.

Утре, сирискиот конфликт влегува во единаесетта година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This