April 24, 2024, 10:02 pm

Утpe ќe ce знae дaли Охрид ocтaнyвa или ja гyби зaкpилaтa нa УНECКO

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали Охрид ќе го сочува или пак ќе го изгуби статусот што го носи повеќе од 40 години и ќе се најде на листата Светско наследство во опасност, сепак одлуката на Комитетот на УНЕСКО ќе се знае утре. Иако за Охридскиот регион требаше да се дебатира денеска, на 44 седница на УНЕСКО чиј домаќин е Кина, тоа е одложено за утрешната сесија.

УНЕСКО, досега даде неколку шанси за спроведување на препораките, a невладиниот сектор смета дека се насетува таква тенденција и овој пат на Комитетот кој е политичко, а не експертско тело, но секоја нова шанса е можност за понатамошно уништување и дегардација на универзалното културно и природно богатство, категорични се од Охрид СОС.

Охрид СОС бара начинот на кој сега се третира наследството, односно состојбата во која што се наоѓа, тешка деградација, да биде така констатирнао од Комитетот, бидејќи тоа единственото разумно решение, затоа што со замижување пред реалноста нема да може да му се помогне на Регионот, нема да се спречи деградацијата, напротив таа ќе проложи. Тоа одлагање за преместувањето на Регионот на Листата на загрозено светско наследство, досега не донесе ништо добро, вели Драгана Велковска од Охрид СОС.

34 невладини организации од Македонија и Албанија, меѓу кои е и Охрид СОС, денеска испратија писмо до Комитетот за светско наследство и побараа Охридскиот регион да се впише во Листата на светски наследства во опаснсот. Велат дека се длабоко загрижени, затоа што ваквата сосотојба не е последица ниту на војна ниту природна катастрофа, туку резултат на лошото управување и свесно уништување и негрижа од страна на властите.

Мора јасна порака да се испрати до македоснките власти дека мора да ги почитуваат законите, насоките и препораките од експертите на УНЕСКО. Мора да ја почитуваат конвенцијата за светско наследство која вели дека мора да се грижат и да го унапредуваат регионот, да се спречат обиди за негова деградација а не да бидат изворот и причината за уништувањрто, додава Велковска од Охрид СОС.

Во извештајот објавен во мај, реактивната мониторинг мисијата препорача Охрид да добие нов статус-Светско наследство во опасност. Сега се очекува конечната одлуката на УНЕСКО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This