April 19, 2024, 10:41 pm

Утpe cтигнyвaaт 100.000 дoзи вakцини „Фajзер“ a вo нeдeлa 500.000 дoзи „Cинoвак“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на утрешниот ден се очекува испорака на 100.000 вакцини „Фајзер“ преку механизмот Ковакс, а в недела стигнуваат 500.000 вакцини „Синовак“, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Кинеските вакцини стигнуваат со два авиона во 14 и во 16 часот по 250 илјади дози во секој. Направен е план за складирање на две места, во Поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина каде што има доволно капацитет да се сместат во ладните соби. Непосредно по добивање на дозволата за пуштање на сериите во промет, верувам дека тоа ќе биде в понеделник или во вторник, ќе се дистрибуираат ширум државата. Во однос на планот за вакцинација, очекувам дека околу 180.000 граѓани кои се пријавени а сеуште невакцинирани, да бидат вакцинирани во следните дваесет дена. Исто така, следува приоритетна вакцинација на наставниците како сите ученици би можеле од септември да се вратат на настава со физичко присуство во училиште. – вели Филипче.

Апелирам уште еднаш граѓаните кои се немаат пријавено за вакцинација да го направат тоа на vakcinacija.mk, информираше Флипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This