УХМР дигитaлнo ќe гo мoнитopиpa квaлитeтoт и зaгaдyвaњeтo нa peкитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска ја промовираше дигиталната мониторинг платформа за следење на квалитетот и загадувањето на реките која е изработена во рамките на кампањата „Разбистри се”.

Преставникот на Институтот за комуникациски студии, Дејан Андонов во својот воведен говор на овој настан истакна дека податоците на УХМР се од исклучителна важност за да се проценат промените што настануваат во реките поради интензивните испуштања на отпад, отпадни води, пестициди и други загадувачки материи од домаќинствата, земјоделството и индустријата во речните води.

– Целта е да се обезбедат информации за статусот на водите, но и податоци за креирање оправдани, одржливи и ефикасни политики за користење и заштита, рече Адонов.

Радмила Бојковска од Секторот за квалитет на води на УХМР, истакна дека и досега тие ги објавувале податоците за квалитетот на водите во државата, но тие податоци биле поставувани во нумерички вредности кои не биле разбриливи за пошироката јавност.

– Затоа се решивме да ја направиме оваа алатка во која податоците за сите параметри кои влегуваат во проценка на квалитетот на општо физичко-хемискиот статус да се прикаже со сите измерени параметри. Според бојата која е дадена во апликацијата да може да се види дали водата од тој параметар е одлична, добра, прифатлива, слаба или во лош статус, рече Бојковска.

Во време на пандемија таа истакна дека квалитетот на водата на реката Вардар, на одредени места е подобрена.

Атанас Угрински од УМХР, при презентација на дигиталната мониторинг платформа зборуваше за хидролошката состојба на реките за тековната година.

– Водостојите во последните денови бележат опаѓање после обилните врнежи од дожд кои се случија во изминатиот период. На некои места наврнаа над 100 литри на м2. Тоа се бројки кои воопшто не се занемарливи и за потценување. Во некои други околности за овие врнежи од дожд би зборувале за опасност од можност поплавување или излевање на реките од своите речни корита, рече Угрински.

Овој пат, посочи, врнежите дојдоа во вистински момент, дојдода по долгиот сушен период и имаа позитивно влијание, односно ја подобрија хидролошката состојба во земјата, беа добродојдени и со позитивно влијание. Подобрувањето посебно се однесува на природните и вештачките езера во земјата.

Тој уште истакна дека Преспанското езеро, ги руши рекордите во поглед на минималниот водостој, Охрдиското езеро беше на границата не дозволениот минимум, а сите вештачки акумулации во земјата биле речиси испразнети. Од УХМР очекуваат оваа зима да има повеќе снег и посочија дека новата дигитална алатка ќе ја поткрепат со нови хидролошки податоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This